Жичница долга околу 3,5 километри ќе се гради на врвот од планината Јабланица. За таа цел деновиве ќе се распише тендер, а според градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски, скијачкиот терен ќе биде лоциран во месноста викана Голина, додека проектот ќе биде изграден најверојатно со јавно-приватно партнерство и ќе биде готов за 12 месеци. Документацијата е подготвена и деновиве ќе се распише тендер за изведувач. Најверојатно ќе биде странски изведувач и мислам дека се заинтересирани Австријци. Сето тоа ќе чини околу 250 илјади евра. Пред десетина дена, додаде тој, претставници на МЕПСО биле на терен и констатирале дека на ова место има одлични услови за развој на зимскиот туризам.
Жичница долга околу 3,5 километри ќе се гради на врвот од планината Јабланица.
За таа цел деновиве ќе се распише тендер, а според градоначалникот на Вевчани Цветомир Угриноски, скијачкиот терен ќе биде лоциран во месноста викана Голина, додека проектот ќе биде изграден најверојатно со јавно-приватно партнерство и ќе биде готов за 12 месеци.
- Документацијата е подготвена и деновиве ќе се распише тендер за изведувач. Најверојатно ќе биде странски изведувач и мислам дека се заинтересирани Австријци. Сето тоа ќе чини околу 250 илјади евра - појасни Угриноски.
Пред десетина дена, додаде тој, претставници на МЕПСО биле на терен и констатирале дека на ова место има одлични услови за развој на зимскиот туризам. Експерти од Хидрометеоролошкиот завод вршеле испитувања и поставиле мерни станици за да утврдат колку време се задржува снегот на врвот од Јабланица, каде што ќе се гради зимскиот центар.
- Поволност е што снегот на планината се задржува седум месеци. Паѓа во ноември, а се топи во мај и го има во големо количество. Кога ќе се изгради жичницата Охридското Езеро ќе се гледа како на дланка. Природата е многу убава, планината е питома, а до скијачките возила ќе може да се оди со автомобил - рече Угриноски.